Основното јавно обвинителство -Гостивар донесе Наредба за спроведување на истрага против две лица на возраст од 18 години за сторено кривично дело – Тешка кражба.
По поднесената кривична пријава на ден 7 септември годинава од страна на Полициската станица – Гостивар, Основното јавно обвинителство -Гостивар утврди дека осомничените од куќата на оштетениот во с.Чајле одзеле поголема количина на злато и златен накит.
Против двете лица надлежниот јавен обвинител поднесе и Предлог за изрекување на мерка -Притвор, по што судијата за претходна постапка на Основниот суд во Гостивар донесе Решение со кое е определен краткотраен притвор до 48 часа.
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА