Вчера попладне, околу 16.00 часот, на плоштадот во Кичево, при физички напад тешко е повредено едно лице кое подоцна им подлегна на повредите. Сега починатото лице било нападнато со нож од страна на неговиот брат, при што му биле нанесени неколку убодни рани. Сторителот – сега осомничено лице, извршил напад и врз сопругата на братот, нанесувајќи и една убодна рана. Повреденото лице веднаш е пренесено во Кичевската болница каде им подлегнало на повредите. Сторителот е лишен од слобода.
Надлежен јавен обвинител заедно со екипа од Полициската станица – Кичево извршија увид на лице место. Од страна на надлежниот јавен обвинител се издадени насоки за подигање на траги од кривично правниот настан и наредби за вршење на вештачења и обдукција.
По увидот, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за сторено кривично дело – Убиство, а до судија на претходна постапка при Основниот суд – Гостивар, поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор во траење од 30 дена.