За шест лица Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози и за секој од нив побара парична казна во висина од 100 дневни глоби.
Двајца од нив на 27 март, другите на 28 март во вечерните часови не ја почитувале одлуката на Владата на Република Северна Македонија со која е забрането движењето на населението од 21:00 до 5:00 часот, па за време на полицискиот час се движеле пешки или со возила низ градот. Со тоа сите обвинети во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.