Постапувајќи по кривична пријава поднесена од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка и поднесе Обвинителен предлог против две лица за сторени кривични дела – Несовесно работење во службата и непостапување по Законот за оружје.
Имено обвинетите , како службени лица вработени во МВР НК КР Кавадарци изготвувајќи кривични пријави против лицето Т.С од Кавадарци во одделни предмети, не постапиле по Законот за оружје и не извршиле проверка дали осомниченото лице поседува дозвола за носење на огнено поружје и дозвола за поседување на огнено оружје.
Иако кривичните дела кои му се ставале на товар на тогаш осомниченото лице укажувале на потешко нарушување на семејните односи, за кои дела имал и правосилна судска пресуда, сега обвинетите службени лица не презеле мерки за одземање на оружјето и не поднеле предлог за одземање на оружјето на осомничениот.
Со оружјето кое не му било одземено на тогаш осомниченото лице, истиот во ноември годинава изврши тројно убиство во Кавадарци и ги лиши од живот родителите и сестрата на поранешната сопруга.