Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Кочани предложи мерка – Притвор за жената која го уби сопругот во с. Спанчево

Основното јавно обвинителство – Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење на основано сомнение дека е сторено кривично дело – Убиство. Воедно, до судијата на предходна постапка во Основниот суд Кочани, обвинителството поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор, сметајќи дека се исполнети условите од Законот за кривична постапка.

Осомничената на ден 17 септември 2014 година со умисла, на свиреп начин, го лишила од живот нејзиниот брачен другар. Во извршување на кривичното дело осомничената употребила метална шипка со која на оштетениот му нанела тешки телесни повреди, по што со раце го задушила и лишила од живот.

Надлежното обвинителство ја продолжува истражната постапка во насока на утврдување на сите факти, докази и околности во кривичниот настан, по што ќе донесе соодветна одлука.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА