Основното јавно обвинителство – Велес постапувајќи по кривична пријава поднесена од СВР Велес, донесе Наредба за спроведување на истрага против четири лица, осомничени за кривични дела Противправно лишување од слобода и Разбојништво.
Имено на ден 16.09.2014 година, осомничените со употреба на опасно орудие – срп, коса и вила, сериозно заканувајќи се дека ќе го нападнат животот и телото, им ја одзеле слободата на движење на четири лица – сите државјани на Сирија. Осомничените потоа од оштетените одзеле подвижни предмети – пари и мобилни телефони со намера истите противправно да ги присвојат.
Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети условите од Законот за кривична постапка, до судијата на предходна постапка поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор против осомничените.
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА