Соопштенија

Основното јавно обвинителство Прилеп ја истражува сообраќајната несреќа во која загина пешак

На 21.12.2016 година околу 16,00 часот се случи сообраќајна несреќа во Прилеп, во која патничко моторно возило марка „Голф“ управувано од педесет и седумгодишен жител на Прилеп удри во пешак на возраст од 61 година.  По несреќата пешакот итно е префрлен во болницата во Прилеп, каде по кратко време починал.

Извршен е увид на местото на настанот од страна на дежурен Јавен обвинител и увидна екипа при МВР ПС Прилеп, при што се обезбедени и подигнати траги. Извршено е алкотестирање на возачот и издадена е наредба за технички преглед на возилото. Основното јавно обвинителство Прилеп издаде наредба за обдукција врз телото на починатиот за утврдување на причините за смртта, во насока на утврдување на фактите во предметот.