Соопштенија

Основното јавно обвинителство Прилеп ги утврдува причините за сообраќајната несреќа во која животот го загуби едно лице

На ден 07.02.2017 година околу 17,00 часот на регионалниот пат Битола-Прилеп кај 112 км се случи сообраќајна незгода помеѓу ПМВ марка „Фолксваген Пасат“ управувано од лице, жител на с.Трн-Битола, на возраст од 31 година, и ПМВ марка „Опел Вектра“ управувано од жител на Прилеп, на возраст од 58 години. На лице место починала сопатничка во возилото „Опел Вектра“, на возраст од 55 години, додека пак со тешки телесни повреди се здобил возачот кој поради сериозноста на повредите е транспортиран на лекување во Скопје, и една сопатничка од возилото „Фолксваген Пасат“.

Веднаш по добиената информација за случената сообраќајна несреќа, на лице место е извршен увид од страна на дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со увидна екипа при МВР ПС Прилеп и стручно лице од областа на сообраќај. Обвинителството издаде наредби за подигање и обезбедување на траги од местото на настанот и наредба за обдукција врз телото на починатата за утврдување на причините за смртта.