Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Прилеп ја истражува сообраќајната несреќа во која животот го загубија две лица

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп изврши увид на местото на настанот, при што издаде наредби за анализа на крв на учесниците во сообраќајната незгода, Наредба за вонреден технички преглед и Наредба за обдукција на починатите лица за утврдување на причините на смртта.

Несреќата се случи на ден 30.08.2015 година во 20,20 часот на патот Прилеп – Скопје на превојот Плетвар. Возачот на едно од возилата, марка „Волксваген Шаран“, е жител на с.Драчево – Скопје, на возраст од 48 години, кое се судрило со возило марка „Пежо Експерт“ со бугарски регистерски таблици. Од силината на ударот на лице место починале возачот на пежото, 23 годишен жител на с.Голем Радобил – Прилеп и тригодишно дете – сопатник во возилото „Волксваген Шаран“.