Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Скопје ги презема потребните мерки и активности во врска со испитување на причините за пожарот и експлозијата во фабриката за пиротехника во Сопиште

Основното јавно обвинителство – Скопје ги прибира сите докази и информации неопходи за утврдување на непосредната причина за пожарот кој предизвикал експлозија во фабриката за пиротехника во Сопиште.

Едновремено се испитува и дали постојат пропусти од страна на одговорните во однос на почитување на прописите за заштита при работа, меѓу другото и противпожарна заштита. Обвинителството го очекува службениот материјал од Министерството за внатрешни работи. Целиот доказен материјал е предмет на анализа. Подигнатите траги од лице место ќе бидат вештачени од страна на крим техника од Министерството за внатрешни работи.

Воедно, истрагата вклучува мислења и констатирана состојба од страна на овластени лица од надлежни институции во делот дали се запазени прописите за заштита при работа, особено и во однос на материјалот и начинот на работа во објектот.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА