Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Струмица побара мерка – Притвор за едно лице поради сторен полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство – Струмица поведе постапка против едно лице за сторено кривично дело – Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години од чл. 188 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Сторителот ја пресретнал малолетната жртва, по што насилно ја внел во возило и ја одвел во изнајмена соба, каде го извршил делото.

Надлежното обвинителство до судијата на предходна постапка при Основниот суд – Струмица поднесе предлог за определување мерка – Притвор. Судијата на предходна постапка го прифати предлогот и на осомниченото лице му одреди притвор во траење од 30 дена.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА