Соопштенија

Соопштение

Во контекст на информациите кои вчера и денес се појавија во одредени медиуми, а во врска со судењето во предметот за артефактите од Музејот на Македонија и наводите од страна на адвокатите дека обвинителството не им ги доставило на увид доказите и записниците од истрагата, Јавното обвинителство на Република Македонија со цел објективно информирање на јавноста, Ве известува дека надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје во тек на истрагата ги презеде сите дејствија согласно Законот за кривична постапка.

Имено, сите бранители во тек на истражната постапка извршија два пати, дел од нив и три пати увид во предметот. Согласно законските одредби, Основното јавно обвинителство – Скопје достави Известување за завршување на истрагата до сите бранители на обвинетите, со определени денови за вршење на увид, кое право беше искористено.

Воедно Ве информираме дека бранителите на обвинетите беа известувани и за денот и часот на сослушување на сведоците, со што нивното присуство беше овозможено.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА