Соопштенија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истрага за сообраќајната незгода во која животот го загуби шеснаесет годишно момче

Во надлежното Основно јавно обвинителство Скопје пристигна кривичната пријава поднесена од МВР за сообраќајната незгода кај раскрсницата од улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и 9 Мај кога беше прегазен малолетник. Надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истрага против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува со активности за прибирање на докази и утврдување на причините за несреќата.