Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место за слученото двојно убиство, во кое животот го загубија двајца државјани на Република Турција.
Починатите мајка и син, жители на Бурса, Турција, биле на привремен престој во Скопје.
Надлежниот обвинител издаде наредби за подигање на траги од лице место, за потребни вештачења, како и за вршење на обдукција на починатите.
Обвинителството ќе продолжи со преземање на потребните дејствија со цел расветлување на настанот.