Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинение за тешко разбојништво во менувачница во Драчево

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинителен акт против лицето И.И. за сторено кривично дело – Разбојништво од чл. 237 ст.5 во врска со ст.4 и ст.1, како и во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Обвинителниот акт содржи и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.

Настанот за кој се товари лицето се случил на 25.02.2013 година пред менувачницата „Золид Трејд“ во населбата Драчево – Скопје. Имено, според обвинението, обвинетиот И.И. заедно со лицето С.С., со употреба на огнено оружје одзеле туѓи подвижни предмети (пари во сопственост на менувачницата) и со умисла го лишиле од живот сега починатиот З.С.

За истиот настан, за С.С. веќе е изречена првостепена пресуда со која тој е осуден на казна затвор во траење од 20 години. Предметот е во жалбена постапка пред Апелациониот суд во Скопје. Сега обвинетиот И.И. извесно време беше недостапен на органите на прогонот.