Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга ги презеде потребните дејствија со цел расветлување на вооружениот напад кој се случи во Струга, по кој животот го загуби едно лице.
Издадени се наредби за вештачење на оружјето, трагите од лице место, за вршење обдукција над починатиот, со цел прибирање на докази и факти за расветлување на убиството.
Осомничен за нападот е дваесет и три годишен стружанец, на кој по предлог на надлежниот обвинител му е определена мерка Притвор од страна на судија на предходна постапка при Основниот суд Струга.