До Основното јавно обвинителство – Тетово поднесена е кривична пријава од СВР – Тетово против десет лица поради основано сомнение дека истите сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело по чл.385 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија, односно учество во толпа што со заедничко дејствување ќе стори насилство спрема луѓе.
Врз основа на чл.470 ст.1 т.1 и 2 од Законот за кривична постапка, од страна на Основното јавно обвинителство – Тетово е ставен предлог за определување мерка – Притвор против две од осомничените лица бидејќи постојат околности што укажуваат дека истите доколку се пуштат да се бранат на слобода ќе се кријат, односно дадат во бегство и дека постојат особени околности кои го оправдуваат стравувањето дека осомничените ќе го повторат истото кривично дело.
Постапувајќи по предлогот за определување на притвор, судијата на претходната постапка при Основниот суд – Тетово на двајцата осомничени им определи мерка – Притвор во траење од 6 дена сметано од 09.07.2014 година.
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА