Основното јавно обвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице – полициски службеник, поради основано сомнение дека извршил кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Разбојништво.
Осомничениот, полицаец во СВР – ПС за БПС Тетово, облечен во сина полициска униформа и полициски фосфорен елек, на автопатот Скопје-Тетово го запрел возилото на оштетените, по што одзел подвижен имот и тоа две ташни, три женски рачни часовници, два мобилни телефони, еден женски паричник и кутија со златен накит со засега неутврдена вредност.
Надлежниот јавен обвинител поднесе Предлог за определување на мерка притвор против осомничениот до Судија на претходна постапка во Основниот суд – Тетово поради можноста за бегство на осомничениот или влијание врз сведоците и оштетените.
Судијата се согласи со предлогот на Обвинителството, по што донесе Решение на осомничениот му да му се определи мерка притвор во траење од 30 дена.