На лице место е излезен надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово кој ја води истрагата за слученото двојно убиство во кое од живот се лишени две лица, браќа на возраст од 23 и 25 години. Убиството се случило во место викано Јабланица, с. Мерово, Тетовско.
Утринава во периодот од 6.00 до 7.00 часот, настанала кавга помеѓу две спротиставени групи кои се во сродство. Во пресметката меѓу нив било употребено и огнено оружје, при што од живот се лишени двајцата браќа од едната група, а телесно е повреден нивниот татко. Од другата, спротиставена група повредени се две лица кои со телесни повреди се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
Истрагата на надлежното Основно јавно обвинителство Тетово продолжува во насока на прибирање на материјални докази со цел расветлување на настанот.