Основното јавно обвинителство – Велес ја заврши истражната постапка за трагичната сообраќајна незгода што се случи во мај годинава и до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици.
Истрагата и сообраќајното вештачење покажале дека обвинетиот критичниот ден (26.05.2015 година) околу 18.45 часот се движел со својот патнички автомобил марка Мазда 3 во правец од Гевгелија кон Скопје со брзина од околу 109,77 км на час. Брзината на движење на автомобилот не била приспособена на атмосферските и другите сообраќајни услови, поради што не бил во можност навремено да реагира и да го сопре возилото пред секоја пречка што во услови на влажен коловоз и силен одблесок на сонцето може да се испречи. Во еден момент, обвинетиот налетал со автомобилот на сигурносен триаголник поставен на коловозната лента по која се движел, го турнал и продолжил да се движи.
На автопатот претходно веќе се случила сообраќајна незгода помеѓу две товарни моторни возила Мерцедес Атего и Мерцедес Кесонудирајќи и тој не можејќи да го запре возилото удрил со предниот десен дел од автомобилот во задниот лев дел од товарното возило Мерцедес Атего оштетувајќи го истото и продолжил да се движи, притоа го завртел својот автомобил и сопрел попречно на средината од коловозната лента по која се движел. На самото место на несреќата, од силината на ударот, починале неговите сопатници – сопругата (34) која седела на совозачкото место и синот (4) кој седел во седиште за дете зад седиштето на совозачот .