Соопштенија

Основното јавно обвинителство во Велес истражува обид за убиство

Надлежен јавен обвинител донесе  Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице на возраст од 26 години, поради постоење на основано сомневање дека сторил во обид  кривично дело Убиство од чл.123 ст.1од Кривичниот законик и кривично дело Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.3 в.в.ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на ден 01.04.2018 година околу 20.30 часот во објект на свињарска фарма со умисла се обидел да лиши од живот едно лице . Осомничениот  во состојба на пијанство во која самиот се довел со количина на алкохол во крв од 2 промили, во моментот кога во објектот дошол оштетениот на истиот му се обратил со повеќе пцости упатени до него и неговото семејство. Потоа осомничениот  извадил нож и со него на оштетениот му нанел неколку убоди нанесувајќи му со тоа телесна повреда. Потоа зел од објектот една секира и со истата се упатил кон останатите присутни заканувајќи им се дека ќе ги убие, со што ја загрозил сигурноста на оштетените.

 Сметајќи дека постојат околностите кои укажуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело, Основното јавно обвинителство во Велес до Судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесе Предлог за определување на притвор против осомничениот, кој е прифатен и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.