Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи – Полициска станица – Кавадарци, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за сторено кривично дело – Криумчарење на мигранти.
Осомничените се товарат дека како соизвршители, на ден 25.09.2014 година со патничко возило прифатиле и превезувале тројца мигранти меѓу кои и едно малолетно лице, во насока од гевгелиско кон Скопје.
Ценејќи дека постојат законски основи, надлежниот обвинител до судијата на предходна постапка во Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор. Судијата на предходна постапка донесе Решение со кое на осомничените им е определена мерка – Притвор во траење од 30 дена.
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА