Соопштенија

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведува истрага против девет осомничени лица

Повеќемесечната претходна постапка што се спроведуваше од месец февруари до денес, утрово резултираше со наредба од надлежниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција за спроведување на истрага против девет осомничени лица. Осомничените се товарат за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.5 , а во врска со ст.1  и Перење пари и други приноси според чл. 273 ст.1  од Кривичниот законик на Република Македонија.

Надлежниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на предходна постапка од Кривичниот суд – Скопје поднесе Предлог за определување на мерка за обезбедување. Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во тек е истрагата против деветтемина осомничени.