Соопштенија

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против седум лица за неовластено продавање и пренесување на наркотична дрога и психотропна супстанца

Денеска во текот на раните утрински часови во организирана акција координирана од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како резултат на повеќе месечна оперативна обработка спречена е криминална група што извршувала различни дејствија за продажба на наркотична дрога. Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска​ донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против седум лица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по чл.215 ст.3 в.в.ст.1 од Кривичниот законик.

Тројца од осомничените, со цел да остварат приход, во периодот од месец јули 2015 година до месец јуни 2016 биле организатори на дејствија на неовластено продавање и пренесување на наркотична дрога и психотропна супстанца на територијата на Република Македонија, ангажирајќи за соодветeн процент мрежа на препродавачи и посредници.

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1- Скопје достави Предлог за определување на мерка Притвор за петмина осомничени, со оглед на тоа што еден од осомничените е веќе на издржување на казна затвор за исто кривично дело, а едно лице е недостапно на органите на прогонот.

Акцијата е дел од пообемен предмет со оперативно име „Брана“ за што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе има поднесено Обвинителен акт.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува со истрагата.