Соопштенија

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара запирање на финансиски трансакции на сметки во Монако

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од оформувањето на предметот во врска со доделувањето на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија, презема низа активности за расветлување на случајот.

Во рамките на постапката, надлежниот јавен обвинител во изминатиот период, дојде до сознанија дека правното лице – концесионер на центрите за дијализа е отуѓено, а финансиски средства во значителен износ се префрлени на сметки во Монако. Преку меѓународна правна помош доставено е барање до Кнежевството Монако за запирање на извршување на финансиски трансакции на сметките на кои се префрлени пари од продажбата на правното лице во износ од 11 милиони евра.

Воедно, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Кнежевството Монако е доставено барање за вклучување на нивен обвинител во истрагата, на што обвинителството позитивно одговори и го одобри барањето.