Соопштенија

Осомничен дилер на хероин во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 14 март, кај себе неовластено држел 6,08 грама хероин наменети за препродажба. Дрогата му била пронајдена и одземена при личен преглед во близина на Домот на културата во Гостивар.