Соопштенија

Осум лица го прекршиле полицискиот час во Тетово

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово до Основниот суд Тетово достави предлози за издавање казнени налози за осум лица кои на 26 мај 2020 година биле забележани на различни локации како се движат низ градот, за време додека во сила била забраната за движење на територијата на државата.

Со своите дејствија тие сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.