Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 18 години за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, ученик во четврта година во средно училиште, неовластено заради продажба држел 171,72 грама марихуана, која ја набавил од лице со неутврден идентитет. Дрогата ја препакувал и ја подготвувал за препродажба. Во неговиот дом била откриена и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.