Настани

Отворен ден на Јавното обвинителство за студентите на Правниот факултет во Скопје

Јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го одржаа првиот Отворен ден на Јавното обвинителство за студентите од Правниот факултет во Скопје.

Обвинителите Даниел Коцев, Наташа Гоџоска, Фатон Азизи и Наташа Сарамандова на виртуелната презентација ја претставија работата на Јавното обвинителство, но споделија и корисни информации за правата и обврските на граѓаните во кривичната постапка.

Ова е првиот од серија на настани кои Јавното обвинителство планира да ги одржи за приближување на работата на обвинителите до студентите и јавноста.​