Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.
На 20.03.2019 година осомничениот 23-годишен скопјанец неовластено држел кај себе огнено оружје пиштол со ознака Sig Sauer со калибар од 7,65 мм и една рамка муниција во која имало три куршуми.
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност тој да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.