Соопштенија

Поднесено обвинение за точење алкохолни пијалоци на дете

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против 53-годишна жителка на Кавадарци и против правното лице Друштво за услуги и трговија ПАКО-ПРОМ Пане ДООЕЛ увоз – извоз Ваташа – Кавадарци за сторено кривично дело – Точење алкохолни пијалоци на дете од член 204 од Кривичниот законик. Обвинителството утврди дека обвинетата, вработена во обвинетото правно лице, … Повеќе

Поведена постапка за загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против лицето кое во изминатите неколку месеци ја загрози сигурноста на градоначалникот на Кавадарци и неговото семејство. Постапката е поведена поради основано сомнение дека осомничениот, 40-годишен кавадарец, ги сторил кривичните дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 и Насилство од член 386 став 3 во врска … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на сообраќајната несреќа во која загина еден мигрант

Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на автопатот Демир Капија – Неготино, на местото на сообраќајната несреќа во која еден мигрант загина, а 12 беа повредени. Според првичните сознанија, несреќата се случила кога автомобил Фолксваген фетон, во кој засега непознато лице превезувало 13 мигранти, удрил одзади во товарно моторно возило со кавадаречки регистарски ознаки. Од … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кавадарци врши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци врши увид на магистралниот пат Градско-Прилеп каде што утрово се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а петмина се повредени. Според првичните сознанија, несреќата се случила при судар на автомобил „Фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки и џип „Ланд Ровер“ со велешки … Повеќе

Се врши увид на местото каде попладнево во сообраќајна несреќа се повредени 33 мигранти

Се врши увид на местото каде попладнево во сообраќајна несреќа се повредени 33 мигранти Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи  врши увид на местото викано Пржедски споменик, кој се наоѓа на потегот меѓу Демир Капија и Прилеп, каде попладнево се преврте комбе во кое биле превезувани … Повеќе

Притвор за велешанец осомничен за загрозување на сигурноста

Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори постапка против едно лице кое е осомничено дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста предвидено во член 144 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот жител на Велес во неколку наврати, преку една социјална мрежа, упатувал сериозни закани … Повеќе

Даночен инспектор обвинет за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог  против едно лице за сторено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 2 од Кривичниот законик. Обвинетата се товари дека како службено лице – даночен инспектор во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – даночно одделение Кавадарци, побарала парични средства од сметководител на правно … Повеќе

Поднесено обвинение за поранешен градоначалник

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска до Основниот суд Неготино поднесе Обвинителен предлог против обвинетиот, со кој го товари за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинителството утврди дека обвинетиот во … Повеќе