Соопштенија

Поднесено обвинение за нанесување телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 25-годишниот скопјанец осомничен дека на 3 октомври, во Кисела Вода, сторил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик спрема неговата сопруга. Обвинетиот дошол пред влез на зграда на улицата  „Пушкинова“ и најпрво … Повеќе

Предложен притвор за полови дејствија спрема дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 81 година, осомничено за други полови дејствија спрема дете кое не наполнило 15 години. Осомничениот, искористил прилика во која 9-годишно девојче побарало од него услуга како нејзин сосед, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и … Повеќе

Предложени мерки поради загрозување на сигурноста на градоначалник, неговото семејство и соседи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело  – Загрозување на сигурноста предвидено во член 144 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 4 октомври, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото … Повеќе

Предложен притвор за скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при вршење семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривични дела – Телесна повреда по член 130 став 2 и Неизвршување на судска одлука по член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот 25-годишник, на 3 октомври, алкохолизиран дошол пред влез на зграда на улицата  „Пушкинова“ во Кисела Вода, и најпрво со висок тон … Повеќе

Физичко и правно лице ќе одговараат за злоупотреба на лични податоци на тројца лекари

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице, кои се обвинети за три кривични дела – Злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот законик. Обвинетиот 34-годишник, како одговорно лице во правното лице, во периодот од ноември 2022 до април 2023 година, … Повеќе

Мајка осомничена за предизвикување пожар со цел да се прикрие свирепо убиство сторено од синот

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по кривична пријава во врска со настанот од 22 септември, кога по предизвикан пожар во стан на улицата „Исаија Маџовски“, беше пронајдено безживотно тело на 36-годишниот сопственик на станот со траги на насилство. Доказите обезбедени до овој момент даваат основано сомнение за еден осомничен како сторител на кривично дело убиство … Повеќе

Скопјанец осомничен дека тешко телесно повредил сосед при расправија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик. На 24 септември, во скопската населба Илинден, осомничениот со умисла тешко телесно повредил сосед при расправија поради претходно нерасчистени меѓусебни односи. Тој со метален … Повеќе

Соопштение

Тим од обвинители од Јавното обвинителство во текот на вчерашниот ден беше во косовското Обвинителство и оствари директна средба за обезбедување докази во врска со предистрагата поврзана со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Од косовските органи, преку контакт-точките во Европската правосудна мрежа, се побарани конкретни податоци неопходни за проверка на наводите врз основа … Повеќе

Откриен предизвикувач на тешка сообраќајна несреќа во Скопје, за половина час сторил три кривични дела   

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишен скопјанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Одземање на моторно возило од член 242, со одземеното возило сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со … Повеќе

Истрага за обид за убиство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 33-годишник од Арачиново, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 3 во врска со член 19 (во обид). Освен тоа, за осомничениот е поведена постапка и за – Предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик. На … Повеќе

Соопштение

Тим од јавни обвинители и истражители од Основното јавно обвинителство Скопје преземаат дејствија за испитување на наводите кои првично упатуваат на основи за сомнение за сторени кривични дела против здравјето на луѓето и проневера во службата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Со цел испитување на ваквите наводи, до овој момент од Клиниката е обезбеден … Повеќе

Соопштение

Имајќи го предвид фактот дека со предметот кој се води во врска со Клиниката за онкологија се испитува евентуална повреда на највисокото уставно загарантирано право на здравствена заштита, Основното јавно обвинителство Скопје ќе преземе дополнителни чекори за обезбедување максимална транспарентност и отчетност на постапката. Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на средбата која … Повеќе

Откриено автоматско оружје и муниција, истрага против три лица

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, од кои едно во моментов е недостапно на органите на прогонот. Постои основано сомнение дека тие сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материјали од член 396 став 2 во врска со став 1 од … Повеќе

Поднесено обвинение за грабнување

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едното е обвинето за кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1, сторено во соизвршителство, додека второто е обвинето за помагање при извршувањето на кривичното дело. За истиот настан, постапката против уште едно … Повеќе

Скопјанец осомничен за разбојништво

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишник за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од  Кривичниот законик. На 4 септември, осомничениот влегол во маркет на булеварот „АСНОМ“ и веднаш се упатил во просторот … Повеќе

Предложен притвор за двајца осомничени за изнуда

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 во врска со член 22 од Kривичниот законик. Двајцата браќа од скопско Ржаничино, на возраст од 27 и 22 години, како соизвршители, во … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи, врз основа на своите законски надлежности, интензивно преземаат дејствија за испитување на наводите за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија. Во континуитет сe издаваат наредби и се обезбедуваат докази кои треба да ја проверат вистинитоста на наводите изнесени во … Повеќе

Соопштение

Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР извршија претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје. Притоа беа одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа … Повеќе

Скопјанец осомничен за неколку кривични дела против имотот

Против 19-годишен скопјанец Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка, бидејќи постои основано сомнение дека сторил две тешки кражби, една кражба, еден обид за тешка кражба и едно одземање моторно возило. Согласно доказите обезбедени до овој момент, осомничениот на 14 јуни, од ресторан на булеварот „Словенија“ одзел 700 евра и 11.000 денари. Искористувајќи ја околноста што … Повеќе

Двајца браќа осомничени дека изнудиле повлекување жалба на јавна набавка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, на возраст од 23 и 25 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Со намера да прибават противправна имотна корист за правно … Повеќе