Соопштенија

Велешанец осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Имено, осомничениот 59-годишен велешанец, пред влезот и во внатрешноста на куќата во која … Повеќе

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на општина Велес обвинети за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен предлог против поранешен градоначалник и против поранешен претседател на Советот на општина Велес кои се товарат за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Имено, првиот обвинет, како … Повеќе

Седум лица од Струмица под истрага за обид за убиство во Стар Дојран

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица од Струмица на возраст од 19 години до 25 години и тоа – против едно лице на возраст од 24 години за кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, против едно … Повеќе

Поднесено обвинение за разбојничка кражба

Основното јавно обвинителство во Велес по сеопфатна постапка до Основниот суд Велес поднесе Обвинителен акт против  едно лице  на возраст од 23 години за кривично дело – Разбојничка кражба од чл.238 од Кривичниот законик. Обвинетиот, кој е внук на оштетената, на  09.11.2018 година околу 07.30 часот, заедно со уште едно лице – дете влегле во … Повеќе

Поднесено обвинение за запуштање на три деца во Велес

Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен акт против две лица – жена на возраст од 38 години и маж на возраст од 46 години, бидејќи секој од нив сторил по три кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата како родител … Повеќе

Велешкото обвинителство поднесе обвинение за недозволено држење оружје и разбојништво

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице, жител на Гевгелија на возраст од 40  години, за кривичните дела Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи од член 396 став1 и Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од … Повеќе

Основното јавно обвинителство Велес ја расчистува сообраќајната несреќа во која загина мотоциклист

Вчера околу 16.40 часот на автопатот Гевгелија-Скопје на оддалеченост од 6,5 км. по мостот Виничани се случи сообраќајна незгода во која учествувало патничко моторно возило и двајца мотоциклисти. При движење во ист правец на автомобил-комбе Мерцедес Спринтер со швајцарска регистарска ознака управувано од лице на возраст од 74 години и два мотоцикли, во момент едниот … Повеќе

Велешанец под истрага за силување на поранешната сопруга

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице на возраст од 32 години поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – Силување од чл.186 ст.1 од Кривичниот законик. Имено, осомничениот на 09.03.2019 година, ја присилил на обљуба својата поранешна сопруга. Тој ја чекал оштетената во влезот од … Повеќе

Во притвор разбојникот кој ограби казино во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице на 40-годишна возраст од Гевгелија поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела  Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 и Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од … Повеќе

Жител на село Стојаково под истрага заради неовластено производство и пуштање во промет на марихуана

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 48-годишно лице од село Стојаково поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот на 30.10.2018 … Повеќе

Обвинителен акт против едно лице кај кое е најдена марихуана

Основното јавно обвинителство  Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице на 27 годишна возраст од с. Селемли, Општина Богданци за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. По извршен претрес по Наредба на судија на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија, на … Повеќе