Соопштенија

Парични казни за 11 лица за непочитување на забраната за движење во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово до Основниот суд Тетово поднесе предлози за издавање на казнени налози против 11 лица кои го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна од по 100 дневни глоби.

Обвинетите во одделни кривично правни настани на 26.05.2020 година не ја почитувале забраната за движење и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на разни локации низ Тетово.