Соопштенија

Парични казни за четворица прилепчани поради непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Прилеп денеска поднесе четири предлога за издавање казнен налог за четири лица, жители на Прилеп. Секој од нив во одделни случаи го сторил кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите  обвинети не се придржувале кон забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, па без дозволи се движеле пеш или со возила за време на полицискиот час.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд во Прилеп и во Крушево ги достави предлозите со кои предлага судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја дневна глоба со висина од по 20 евра во денарска противвредност.