Против пет лица Основното јавно обвинителство Ресен поднесе предлози за издавање казнени налози до надлежен суд заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Во одвоени кривично-правни настани, за време на полицискиот час, обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа.
Основното јавно обвинителство Ресен за обвинетите предложи парични казни од по 100 дневни глоби со износ на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.