Соопштенија

Петмина обвинети за прекршување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите биле затекнати на различни локации во градот при непочитување на важечкиот полициски час. Со ова тие постапиле спротивно на одредбите со кои се определени мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.

Надлежните јавни обвинители за секој од обвинетите предложија парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.