Соопштенија

Побаран притвор за едно лице заради предизвикување општа опасност

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1  од Кривичниот  законик.

На 24 јуни, осомничениот со  оп­што­о­пас­но дејс­твие и средс­тво предизвикал  зна­чи­тел­на опас­ност за жи­во­тот и те­ло­то на тројца оштетени. Додека оштетените седеле во стан на улица „Никола Грчето“ во Чаир, осомничениот 33-годишник, инаку нивен сосед, дошол на вратата, започнал да тропа и да им се заканува.

Потоа тој се симнал во дворот позади зградата и од таму започнал да пука кон прозорците и фасадата на станот на оштетените. За да не бидат повредени тие се скриле во спалната соба и настанот го пријавиле во полиција

Надлежниот јавен обвинител оцени дека во конкретниот случај постои опасност од криење и бегство на осомничениот, имајќи ја предвид неговата личност, како и особени околности кои го оправдуваат стравувањето дека ќе го повтори кривичнотото дело. Притоа јавниот обвинител имаше предвид дека се работи за лице претходно осудувано за различен вид кривични дела, а ја ценеше и неговата настојчивост и агресивност во намерата за извршување на кривичното дело за кое што се води оваа постапка. Од тие причини до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор.