Соопштенија

Побарана парична казна за непочитување на полицискиот час во Ресен

Основното јавно обвинителство Ресен денеска до Основниот суд Ресен поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата не ја почитувала Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Севeрна Македонија, донесена од Владата како мерка за превенција и сузбивање на заразната болест COVID-19. Таа на 24 април 2020 година била затекната како со возило се движи низ градот.

За стореното кривично дело, надлежниот јавен обвинител предложи на обвинетата да и биде изречена парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.