Соопштенија

Побарани казни за 37 лица во Скопје заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе 31 предлог за издавање казнени налози против вкупно 37 лица кои сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети се товарат дека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на населението и биле затекнати како се движат на различни локации во градот за време на полицискиот час.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија на обвинетите да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби, а износот на една дневна глоба да биде определен на 20 евра во денарска противвредност.