Соопштенија

Побарани парични казни за непочитување на полицискиот час во Битола

Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд Битола поднесе шест предлози за издавање казнени налози против вкупно 9 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на населението и за време на полицискиот час биле затекнати надвор од своите домови без да поседуваат дозволи за движење.

Надлежните јавни обвинители предложија на секој од обвинетите да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.