Соопштенија

Побарани парични казни заради прекршувања на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за определување казнени налози против осум лица, кои ја прекршиле Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинетите, во одвоени кривично-правни настани, биле затекнати надвор од своите домови за време на полицискиот час. На тој начин тие го сториле кривичното дело што им се става на товар – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежните јавни обвинители за сите обвинети му предложија на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од по 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.