Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на малолетно лице, од член 201 од Кривичниот законик.
Кривична пријава беше поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, по што обвинителството поведе постапка против едно лице ангажирано како дадилка од страна на родителите на деветмесечното малтретирано дете. Надлежниот обвинител ги презеде сите потребни дејствија со цел да ја утврди фактичката состојба.
Донесеното Обвинение се заснива на прибраните докази, меѓу кои и извршените вештачења, особено за психичката состојба на осомниченото лице и за настанатите последици кај детето. Едновремено со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави и Предлог за продолжување на мерката – Притвор за осомничената.