Соопштенија

Поднесен обвинителен акт против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, со двојно косовско и француско државјанство, на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

Лицето беше задржано на 14.10.2018 година, при излез од Република Македонија на Аеродромот Скопје, откако при царинска проверка кај него беа пронајдени околу 2,9 килограми наркотична дрога – марихуана.  Дрогата ја пронашле царинските службеници, во црна торба која осомничениот ја пријавил како багаж и тоа спакувана во три одделни пакувања.

Надлежниот јавен обвинител, заедно со Обвинителниот акт, до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за осомниченото лице, со оглед на тоа што се уште постојат причините заради кои оваа мерка беше првично определена, односно постои опасност од бегство на лицето доколку се брани од слобода.