Соопштенија

Поднесено обвинение против дилер од Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 14 ноември, при претрес во домот на обвинетиот 39-годишен скопјанец во Бутел, беа пронајдени 23,55 грама психотропна супстанција – амфетамин и 0,85 грама наркотична дрога – марихуана, спакувани во помали полиетиленски пакувања и наменети за натамошна продажба. Освен ова, при претресот беше пронајдена и дигитална вага и други предмети со остатоци од дрога.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот.