По завршување на истражната постапка и прибирање на доказите во предметот, Oсновното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на малолетно лице, од член 201 став 1 од Кривичниот законик.
Мајката се товари дека на ден 31 август годинава физички го малтретирала своето 18 месечно бебе.
Јавниот обвинител заедно со доставениот Обвинителен акт , достави и предлог за продолжување на мерката Притвор за обвинетата.