Соопштенија

Поднесено обвинение за дилер од Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 18 август, набавил во Скопје наркотична дрога – марихуана и ја пренел во стан во Гостивар, со намера да ја препродаде. При претрес во станот биле пронајдени 1.765,2 грама марихуана во повеќе различни пакувања.

Надлежниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот. ​