Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на 9 февруари, противправно присвоил автомобил БМВ 330Д, паркиран на улица „Езерци“, вреден 210.000 денари. Откако се уверил дека нема никој во близина, тој влегол преку незаклучената врата на автомобилот и го стартувал со клучот кој бил во возилото, по што го напуштил местото.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, поради реална опасност дека обвинетиот би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.