Соопштенија

Поднесено обвинение заради неовластено држење оружје

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против 39 – годишен скопјанец поради сторено кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес на 9 јули 2021 година, во домот на осомничениот во с. Љубин, овластените службени лица пронашле муниција и експлозивни материи кои обвинетиот неовластено ги држел. Прнајдени биле  50 куршуми калибар 7,65 мм, 50 куршуми калибар 9,00 мм ПАРА и 150 куршуми калибар 7,65х25 мм сите наменети за испалување од огнено оружје, 50 куршуми калибар 38Special наменети за испалување од огнено оружје револвер и 31 куршум калибар 7,9 мм, 12 куршуми калибар 7,62х39мм, 1 куршум калибар 9мм ПАРА WIN и 2 куршуми калибар 9мм ПАРА сите наменети за испалување од пушка и автоматско огнено оружје. Воедно, при претресот биле пронајдени и 23 експандирачки проектили со дијаметар 10мм и маса од 11,6 грама наменети за огнено оружје пиштол, пет експандирачки проектили со дијаметар 7,8 мм, од кои три со маса од 9.7 грама и два со маса од 10,7 грама наменети за ловна пушка и распрскувачки материи 246,43 кг малкучаден барут спакуван во две кутии.

Јавниот обвинител од скопското обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје заедно со Обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за осомничениот, сметајќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, посебни околности кои укажуваат дека обвинетиот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание на сведоци и особени околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе го повтори кривичното дело.​