Соопштенија

Постапка против двајца разбојници кои оштетиле лица во Прилеп

По доставената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи – ПС Прилеп, Основното јавно обвинителство – Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца осомничени за продолжено кривично дело Разбојништво од чл.237 ст.1 во врска со чл.45 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Истражната постапка ќе се спроведува поради постоење основано сомнение дека во временскиот период од 29.04.2015 до 26.05.2015 година по претходен меѓусебен договор, со намера противправно да присвојат туѓи подвижни предмети, со употреба на сила од оштетените седум лица, сите од Прилеп, одзеле подвижни предмети. Имено, осомничените најчесто при пресретнување на оштетените со употреба на сила им одземале подвижни ствари, ташни, златен накит, мобилни телефони и сл. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднесе Предлог за определување на мерка Притвор против осомничените.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот од надлежниот обвинител и на осомничените со Решение им определи притвор во траење до 30 дена почнувајќи од 26.05.2015.